Искривениот пенис е многу честа појава која може да биде вродена или стекната. Moже да се создаде на било кој дел од пенисот и истиот може да го искриви во било која насока. Вродената кривина на пенисот може да биде надоле и предизвикана е со ожиленото ткиво локализирано под површината на пенисот или може да биде странична (латерална) во лево или во десно и предизвикана е со нееднаква должина на еректилните тела на пенисот.
Стекнатата кривина на пенисот предизвикана е од заболувањето кое се вика ПЕЈРОНИЕВА БОЛЕСТ, а резултира со создавање на ожилено ткиво на самите еректални тела на пенисот. За време на ерекцијата ожиленото ткиво го ограничува ширењето на овој дел од пенисот, а со тоа и кривењето на пенисот на една страна.
Хируршката техника за лекување на овој проблем, подразбира ставање на одредени шавови по должината на телото на пенисот, за да може полниот орган да се повлече на страна спротивна од искривувањето. Оваа метода некогаш може да предизвика и благо скратување на пенисот, па затоа често пати се комбинира со техниката за зголемување на полниот орган.
|